Магла на патот Скопје – Демир Капија

Од:

Сообраќајот низ Македонија се одвива без забрани, по суви коловози во пониските и наместа влажни коловози на повисоките места.

Како што оопшти АМСМ, магла со видливост од 50 до 100 метри има на патот Скопје – Велес – Градско – Неготино – Демир Капија и Сарамзалино.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Според АМСМ, посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.