ЛП: Полицијата не е на Чавков, дојдете на протест

Од:

Ивон Величковски, претседател на Либералната партија, се противи на приведувањето на Здравко Савевски од Левица и порачува дека полицијата не може да биде полиција на Чавков, туку на граѓаните, а обвинителството не може да биде на Зврлевски, туку на Република Македонија.

– Кога криминалците се аболицираат, а оние што протестираат против неправдата завршуваат на информативни разговори, немаме право да останеме неми. Вечерва сум на протест. Ќе бидам и ќе бидеме заедно со секој што мисли слободно, со секој што се чувствува либерал, со секој што ја сака граѓанска Република Македонија. Ве повикувам да бидеме заедно, не затоа што така вели Либералната партија, туку затоа што така треба. Полицијата не може да биде полиција на Чавков, туку на граѓаните. Обвинителството не може да биде на Зврлевски, туку на Република Македонија. Се гледаме во 18 часот пред СЈО – истакна Величковски.