Локализиран пожарот во фабриката во Битола

Од:

Локализиран е пожарот што попладнево избувна во фабриката за кекси и вафли „Виго 48“ или поранешен „Прогрес“ во индустрискиот дел на Битола.

Командирот на Територијалната противпожарна единица од Битола Костадин Поповски изјави дека опасност за околината нема и додаде оти нема опасност од истекување на повеќетонската плинска боца.

Тој информира дека три екипи со три возила вечерва ќе дежураат се додека целосно не се изгаси пожарот. Според него, се работи за ненавремена дојава за пожарот.
Командирот Поповски соопшти дека при гаснењето на пожарот еден пожарникар се затрул со јаглен-моноксид, посочувајќи дека не се работи за посериозна труење.
Огнот почнал да се шири од оџакот, по што пламените јазици со голема брзина го зафатиле целиот објект. Огнот го зафатил таванскиот дел од фабриката, а се раширил и во внатрешните простории. Работниците веднаш биле евакуирани и настрадани нема.

Пожарот го гаснеа пет возила и 15 пожарникари. Причините за пожарот, во кој е нанесена голема материјална штета, допрва ќе се утврдуваат.

10510234_349341598570935_489403372_n

10508266_349341648570930_1061264298_n

10502412_349341681904260_1051921256_n