По четири часа распит, бизнисменот Љупчо Палевски заедно со неговиот адвокат излегоа од специјалното јавно обвинителство, но не сакаа да коментираат за што станува збор, објави Макфакс.
Палевски само кусо изјави дека станува збор за предистражна постапка. Тој вчера беше задржан во полициската станица во Кисела Вода.
Неофицијално, станува збор за негова инволвираност во врска со објавените прислушувани разговори на „Јутјуб“ под псевдонимот „Никола Тесла“.
Од СЈО за „Макфакс“ велат дека тој бил на распит во рамки на предистражна постапка и поради тоа не можат да откријат повеќе детали. Нема информации ниту од Кривичниот суд.
Палевски од СЈО замина со приватно возило, што значи дека не му е определен притвор.
