Втора пауза на лидерската средба, Ахмети вели засега нема договор

Од:

“Да имаше договор”… вака накусо лидерот на ДУИ, им одгoвoри на новинарите на прашање дали постигнале согласност во преговорите. Останатите политички лидери не беа расположени за коментар околу текот на разговорите.

Неофицијално, власта и опозоцијата остануваат на своите позиции, Заев бара гаранција за успешен референдум, а Мицкоски инсистира НА “Пржинска” влада, па потоа да се зборува за референдумот.

Средбата трае повеќе од пет часа, а политичките лидери придружувани од своите соработници направија втора пауза за кафе и координација.

Галена Николовска-Ризвановиќ