Со одлука на Президиумот, од Левица објавија дека е конституиран Републичкиот изборен штаб (РИШ) за претстојните Локални избори 2025. За шеф на РИШ е избран пратеникот и член на Президиумот, м-р Сашко Јанчев.
„Во предизборието влегуваме одлучно и непоколебливо, со цел конечно да се пресметаме со локалните рекет, тендер и урбани мафии. Досега видовме дека таму каде што големите партии имаат градоначалници, а во советите мнозинство – тендер и рекет системот, зачинет со урбан хаос, комотно си функционира. Во такви услови нема ефективна пречка за локалните шерифи, освен гласањето за неподмитливите! Единствен механизам за стопирање на погубното практикување на локалната власт во општините и Градот Скопје и нејзино искористување за лично богатење, на сметка на јавниот интерес, е советите да зависат од нас, а на градоначалничките столчиња да седнат чесни личности, без партискиот багаж на три децениските узурпатори. Затоа, на овие есенски избори јасно целиме кон тоа и овој пат, со Ваша помош, ќе успееме!” – истакнаа од Левица.