А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЛДП: Повторно се покажа апсурдноста на екстерното тестирање

by А1он12/06/2016 - 10:22171
Share0

Заврши екстерното тестирање на учениците во основните и средните училишта. И оваа година се покажа неговата апсурдност. Екстерното тестирање продолжува да претставува ноќна мора и за учениците и за родителите, како и за наставниците. Наместо да се развива креативноста кај учениците, тие се принудуваат да ги учат напамет дадените одговори на прашањата за екстерното, велат од ЛДП.

Добивај вести на вибер

„Голем дел од пршањата се во насока на ‘труењето’ на децата со пропаганда на режимот. За ова сведочат и бројните реакции на учениците и на родителите, како и на наставниците. Власта останува и натаму глув за овие реакции. Екстерното тестирање, измислено од овој автократски режим, се користи како механизам за притисок на наставницте. Оценувањето е само мал дел од севкупниот ангажман и работа на наставниците. Стручната подготвеност, методите и техниките кои наставникот ги користи, односот со учениците, како и надградувањето воопшто не се земаат предвид и се’ се сведува на сувопарно пресметување на разликата на оценките на наставникот и оценките добиени на екстерно тестирање.

Либерално демократската партија им ветува на граѓаните дека наскоро, по падот на оваа владеачка гарнитура, екстерното тестирање ќе биде укинато. ЛДП, како дел од идната власт, ќе воведе реформа со која ќе се унапреди руинираниот образовен систем и со чија главна цел ќе биде развојот на креативноста и иновативноста како кај учениците, така и кај наставниците“, стои во соопштението на ЛДП.

ldp. eksterno
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен