ЛДП: Дали дел од 360 илјади евра за кои е осомничен Талески, завршија за нов партиски имот во Битола?

Од:

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, од скоро е сместен во нови простории.

Додека битолчани осиромашуваат и се иселуваат, додека Општина Битола зема кредит да врзе крај со крај, додека пропаѓа Офицерскиот дом, додека пропаѓаат мозаиците во Хераклеа или со еден збор додека Биотола се распаѓа, владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ се луксузира и се вселува во нови простории.

ЛДП и битолчани прашуваат:

1. Дали имотот во кој се всели ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од 300 м2
2. Дали за новите простории на ВМРО-ДПМНЕ во Битола се платени повеќе од 300 000 евра и
3. Од каде му се парите на ВМРО-ДПМНЕ за овие простории

Исто така битолчани и ЛДП прашуваат дали дел од 360 000 евра, за кои е осомничен Талески, завршија во партиската каса на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку одговорот на ова прашање е негативен тогаш Вмро-Дпмне конечно да излезе и да побара оставка од Талески. Доколку не го направи тоа тогаш за битолчани , Вмро-Дпмне и Талески и понатаму ќе бидат едно исто, прашуваат од ЛДП.