Лажна вест: Во Грција не можат да влезат жители од одредени општини на Македонија

Од:

Порталот „Вечер.мк“ објави лажна вест дека Грција ќе забранува влез за жители на општини со најголем број на заразени лица од коронавирусот. По неколку часа, тие ја избришаа објавата.

Лажна вест: Во Грција не можат да влезат жители од одредени општини на Македонија

Порталот „Вечер.мк“ објави лажна вест дека Грција ќе забранува влез за жители на општини со најголем број на заразени лица од коронавирусот

Posted by A1on.mk on Среда, 03 јуни 2020

Веста ја сподели и експратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и напиша: „Новата ‘(не)нормалност’ на Заев“, за потоа да ја избрише објавата“. Текстот беше пренесен и од портали како „Република“ и „Сител“

Министерството за надворешни работи објави дека станува збор за лажна вест, односно, таква забрана нема воведено.