Лажна дојавата за бомба во „Арсениј Јовков“

Од:

Единицата за антитероризам при МВР утврди дека стануза збор за лажна дојава за подметната бомба во скопското средно училиште „Арсениј Јовков“.

Како што информираат од МВР, се работи на утврдување на идентитетот на лицето кое попладнево околу 14:30 часот се јавило во Центарот за управување со кризи и пријавило дека во училиштето „Арсениј Јовков“ во Скопје има подметнато бомба.

Полицијата работи и на целосно расчистување на случајот.