Томислав Лазаров, еден од обвинетите во случајот за насилството во општина Центар, денеска во кривичниот суд призна вина, по што веднаш започна одделно судење против него.
Тој рече дека немал никакви притисоци ниту од специјалното јавно обвинителство ниту од полицијата.
„Не сум уценуван. Изјавата ја давам доброволно“, рече Лазаров.
Тој рече дека никогаш не би ги повторил истите постапки. Лазаров рече дека е актуелен советник сум во општина Центар и затоа го дава овој исказ за кој, како што рече, смета дека судот ќе го има предвид како олеснителна околност при изрекување на пресудата.
Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи рече дека од мозокот на Никола Груевски извира идејата за насилството. Таа рече дека е изненадена од признанието на вина на Томислав Лазаров, но во позитивна смисла.
„Пораката е дека со насилство може да се спречи нормалното функционирање на демократски избрани органи. Барам казна соодветна за тежината на кривичното дело“, рече Фетаи.
Пресудата за Лазаров е закажана за 24 ноември.
Даниела Рангелова изјави дека не сака да коментира се додека нема правосилно решение.
– Кој како се чувствува така треба да се произнесе. Треба да се заврши целиот судски процес за да се донесат заклучоците, рече Рангелова
В.М.