Порталот Курир објави вест во која тврди дека старо-новиот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ, од ВМРО-ДПМНЕ ја копирал идејата за „лајкот“.
„Старо-новиот градоначалник на Загреб Милан Бандиќ, кој беше реизбран за прв човек на главниот град на Хрватска, во кампањата од локалните избори за заштитен знак го користеше популарниот ’лајк’, кој во кампањата за локални избори најпрво беше употребен од владејачката коалиција “За подобра Македонија’, предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, ја почнува „Курир“ својата статија.
Иако симболот искористен од Бандиќ е идентичен од оној што го употребуваше Фејсбук, кој прв од крупните играчи ја примени идејата за „лајк“, Курир тврди дека Бандиќ крадел идеја од ВМРО-ДПМНЕ, а не од Фејсбук!
„Лајкот“, инаку, досега најмалку десетици пати е користен во светот во рекламни кампањи, а неколку пати и во политички, во некои европски земји.