Куманово се подготвува за најавените екстремни временски услови

Од:

Општина Куманово денеска на седница на Кризниот штаб ги утврди мерките мерките и активностите на делување со цел подготвка и соодветно справување со последиците од најавените ниски температури, обилни врнежи снег, замрзнат дожд и голомразица.

Јавните претпријатија во градот се ангажирани за соодветно справување со последиците од снегот, а од општинскиот буџет се одвоени средства за зисмко оддржување на улиците. За оваа потреба градот е поделен на две зони, источна и западна, а ќе ги оддржуваат две приватни компании кои ја имаат потребната механизација и количините сол.

– Апелирам до управителите на станбените единици, граѓаните, сопствениците на трговски објекти, сите да се однесуваат согласно состојбата, да преземат мерки за расчистување, изјави по седницата секретарот на општина Куманово Валентина Алексовска.

Во коориднација со РЦУК за граѓаните се достапни два телефонски броја, а од денеска ќе биде достапен уште еден на кој ќе можат да информираат и пријавуваат одредени состојби.