Кучето на Лени Кравиц на преглед, ја повреди ногата по скопските калдрми

Од:

Кучето Џоџо, двегодишниот миленик на славниот пејач Лени Кравиц кој вечерва во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје одржува концерт, беше на преглед на ветеринар, откако шетајќи по скопските калдрми ја повредило ногата.

Прегледот бил направен во „Ветеринарниот центар“ во Скопје, а ветеринарот кој го прегледувал вели дека кучето било „умно и послушно“.

„Џоџо беше донесен од возачот на Лени Кравиц и беа задоволни од третманот кај нас. Тој не можеше да се движи на едната нога, доби терапија против болки и насоки за тоа како да постапува понатаму“, ни изјави Дејан Киков, ветеринар во „Ветеринарниот центар“.

Џоџо не е расно куче, туку мешавина, а Кравиц го посвоил додека бил на Бахамите. Оттогаш, тој е постојан придружник на неговите турнеи и патувања.