Крстевски: Генерале Ангелов, ти си својот најголем предавник

Од:

Зоран Крстевски, по јавното откажување од кунството и обвинувањето од генерал Стојанче Ангелов дека е монструм, му одговори дека се е монструозна конструкција. Крстевски кој е еден од првите членови на МААК, па потоа на ВМРО-ДПМНЕ, еден од најблиските луѓе на Љубе Бошкоски и член на неговиот Кабинет кога беше министер за надворешни работи, прв човек до Генерал Стојанче Ангелов, сега е вработен во Владата на РМ.

Крстевски вели дека негово најголемо разочарување е Стојанче Ангелов. Еве што напиша Крстевски:

Јас уште минатата недела дадов назнака дека се “случува“ монструозна конструкција, според која јас и Стојанче требаше да се „спукаме“! Можеби било замислено и со фатални последици (не знаат и двајцата како пукачи). И… еве го него – Прв испука на мене? Дали наивно или смислено, сеедно -испука! Сега за сега – вербално! Знам, со силна подршка на пакосно и осветољубиво расположената му – втора сопруга! Сега јас сум виновен за неговиот политички дебакл, за неговиот тотален пораз и болните амбиции на неговата сопруга! Стојанче Ангелов ме нарече – Монструм ?!

Стојанче бре, па јас за тебе и сум – Монструм! Во споредба со тебе, јас сум монструозен ум, монструозен стратег и воин (со четири војни зад себе), со ВМРО во душата и идејниот свет… за тебе –недостижен монструм! (Но, не таков, на каков што ти алудираш по подметнатата бедна “конструкција“) Стојанче Ангелов ме посочи како –крвен непријател? Е па, ти Стојане брате, мене не си ми крвен непријател!

Не, затоао што јас никогаш нема да ја заборавам твојата братска помош кон мене и мојот син во нашата најголема животна криза. Ти се покажа како вистински другар и брат кој ми дава помош без да му ја побарам! Тоа нема никогаш да ти го заборавам! Но, нема да ти ја заборавам ни оваа гадост! Ти – моите добрини кон тебе – ги заборави, Стојанче!

Се сеќаваш кога те молев: “Не ме терај дете, да те доживеам како – “Неблагодарник“… Како Љубета, да… Тој беше првиот неблагодарник кон мене! 2004-та го советував, не оди на избори, не ме послуша. Му се случија “Раштански“, па “Хаг, па… 2009-та, кога се врати од Хаг како маченик, го советував: “Прифати ја понудата на ВМРО-ДПМНЕ! Не ме послуша… и еве сега каде е… Ти Стојане, исто така не ме послуша!…

И… еве сега каде си… 2011-та (од затвор) те советував, не прави партија, ќе го разбиеш најголемото до сега македонско боречко здружение, оти сите тие идеолошки припаѓаат кон разни партии… не ме послуша (Се растури „Достоинство“) Те советував: Не оди по Љубчо, ќе те однесе во СДСМ (во таа апатридска и анационална, немакедонска струја). Не ме послуша! Те советував: Излези од СДСМ – Ме послуша-излезе! Те советував: Влегувај во Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ! Ем ќе ги обединиме бранителите (Ти и Јохан) – Не ме послуша. Те опоменував дека влегуваш во суицидна кампања, во политички дебакл… Не! Ти (од свои, нема да кажам кои прагматични побуди) продолжи… И сега јас сум ти виновен, Генерале… Генерале… Јас сум твојот предавник?

Ти си својот најголем предавник!!!

Screenshot_7