• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Кривична за таксист за криумчарење мигранти

by А1он27/08/2018 - 12:59104
Share0

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Х.М.(61) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, казниво по член 418 Б став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

МВР соопшти дека вчера во 12:00 часот на бул.„Киро Глигоров“, при рутинска контрола, полициски службеници запреле патничко возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на такси компанија, а управувано од пријавениот. Притоа, во возилото биле пронајдени три лица мигранти и тоа две машки на возраст од 26 и 28 години и една жена на возраст од 31 година, сите од Иран, кои не поседувале документи.

Пријавениот и мигрантите се лишени од слобода. По наредба на Јавен обвинител, против Х.М. е поднесена пријава, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци Скопје.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен