Кривична пријава за управител на „Повардарие“

Од:

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба е поднесена против 48-годишниот В.К., управител во винарската визба „Повардарие“ од Неготино, фирмата „Анго Вест“ и фирмата „Агро Солар“ во село Рибарци, општина Росоман.

Тој во периодот од 12 декември минатата година до 25 април неоправдано издал 170 фактури на правни и физички лица, продавал вино во шише, наливно вино, винарски дестилат и гроздов концентрат, при што причинил материјална штета од 38.234.1219 денари во корист на „Анго Вест“, Кам-ДООЕЛ, „Алеко-Комерц“, „Алеко-Компани“, „Агро-Лозар“ и други.

Злоупотребувајќи ја службената положба, В.К. не го почитувал решението на судија од претходна постапка за забрана на износ на вино од „Повардарие“ и решението на стечаен судија со кое се става општа забрана на имотот на „Повардарие“ и ја намалил вредноста на имотот на „Повардарие“ за 38.234.129 денари и продолжил да изнесува вино и концентрати од винарската визба „Повардарие“.

Би можело да ве интересира

Николовски: „Повардарие“ треба да им ги плати заостанатите пари на лозарите за откупеното грозје

Наум Локоски