Кривична пријава за Стевчо Јакимовски поради гаражата која му пречи на поранешниот министер

Од:

Семејството Петковски од Тафталиџе поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и уште петмина вработени во Општината поради најавата дека безправно ќе биде урната гаражата на Петковски, за да се направи пристап до парцела чиј сопственик е поранешниот министер за образование Спиро Ристовски.

Кривичната пријава е за злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување службена исправа.

Вечера попладне, кај гаражата на улица „Букурешка“ се собраа соседите од Тафталиџе. Оставија отпечатоци од раце со што симболично ја гушнаа гаражата што им пречи на општинарите, а на градоначалникот му оставија порака „Мојата гаража Стевчо не ја давам, дај ја ти твојата“.