Кривична пријава против албански државјанин за нанесување тешки повреди

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда,“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.М.(23) од селото Весјан, Република Албанија.

Портпаролот на СВР – Охрид Стеван Димоски изјави дека инцидентот се случил на 30-ти, минатиот месец во 18 часот и 30 минути, кога пријавениот предизвикал вербална расправија во која учествувале уште три други лица, две од Елбасан-Република Албанија и едно од Кичево.

– Настанот се случил на улицата „Гоце Делчев“ кај место викано „Берза“ каде започнала жестоката вербална расправија, која по кратко време прераснала во меѓусебна тепачка. Притоа, сега пријавениот физички го нападнал Х.К. (53) од Кичево удирајќи го со раце и нозе по главата. Тој бил пренесен во Општата болница во Кичево каде му биле констатирани тешки повреди и му била дадена неопходна медицинска помош, рече Димоски.