А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Крива Паланка ангажираше невработени лица за јавни работи

by А1он24/07/2018 - 08:22117
Share0

Локалната самоуправа на општина Крива Паланка ангажира невработени лица со ниски квалификации за извршување јавни работи.

Следете a1on на Instagram Instagram

Лицата се ангажирани согласно аплицикација по програмата на Агенцијата за вработување на Република Македонија за организирање на јавни работи преку ангажирање на евидентирани невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животна средина, информираат општинските служби, посочувајќи дека за ангажирање лица во оваа програма е предвидена финансиска поддршка со вклучен персонален данок и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

– Ангажираните лица во изминатите неколку дена спроведоа целосно чистење на просторот пред автобуската станица и големиот маркет до неа. Една група работи на чистење на каналите и пропустите кои се наоѓаат од долот „Единство” кон Дреначка маала, кои беа целосно затворени и нефункционални, додека друга група започна со чистење на обрасната вегатацијата на патот и патеката позади Домот за култура и објектот на Територијална противпожарна единица Крива Паланка, велат од службата за информирање на локалната самоуправа на Крива Паланка.

Општина Крива Паланка има предвидено ангажирање на 12 лица, а во моментот се ангажирани седум лица кои извршуваат јавни работи на територија на општина Крива Паланка.

Следете a1on на Youtube YouTube
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео