55-годишниот нарко – бос Насер Келменди, кој според тврдењата на косовската полиција денес е уапсен во Приштина, живеел во Сараево, од каде минатата година напосредно пред полициската акција „Кукла“ побегнал и му се изгубила секоја трага.
Безбедносната агенција од БиХ, СИПА, во презентацијата под име „Криминална организација на Насер Кељменди“ во 2008 година, навела дека тој се наоѓа на чело на една од најдобро организираните криминални организации, не само во Бих, туку и во регионот.
Според СИПА, Келмендиевата организација е вклучена во трговија со дрога и шверц на цигари.
Нивниот документ, како што пишува црногорскиот портал „Аналитика“, покажува дека организацијата има членови во Сараево, Тузла и Зеница, а нејзиното влијание се протега и во Македонија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Германија и САД.
Според сознанијата на полицијата во регионот, кои ги пренесуваа медиумите, Калменди е лидер на една од најсилните албански криминални групи на Балканот. Во јуни минатата година е обележан на „црната листа“ на САД и означен како прва личност во Европа кој може да и нанесе опасност на Америка, пишува српскиот „Телеграф“.
Во Сараево поседува 3 куќи, два стана и еден хотел, а во Подгорица само еден стан. Во Улцињ, пак, има еден стан, 11 станбени простории кои зафаќаат 400 метри квадратни, куќа, како и голема зграда од 1.600 метри квадратни.
Против Келменди и неговите синови Елвис, Лиридон и Бесник во изминативе неколку години се поднесени повеќе од 10 кривични пријави, меѓу кои за убиство, обид за убиство и насилно однесување. Келменди секогаш изјавувал дека не се занимава со незаконски работи.
Петар Клинчарски
