Во спортска обложувалница на улицата „Партизанска“ во Битола извршена е кражба при што е одземен дневниот промет.
Како што информира МВР, синоќа околу 23 часот било пријавено дека две непознати маскирани лица, со закана со пиштол од вработената одзеле сума од околу 112.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.
Извршен бил увид од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.