Неколку непознати машки лица вчера го ограбиле С.М. од Јапонија, додека се движел по Камениот мост во правец кон Старата чаршија. Крадците му одзеле 25.000 денари и 5.000 јапонски јени.
Како што информира денеска МВР, крадците го пресретнале С.М., а еден од нив му рекол да им покаже јапонски пари.
– С.М. го извадил паричникот во кој имал 25.000 денари и 5.000 јапонски јени, а едно од лицата му го грабнал паричникот и избегало, се наведува во МВР Билтенот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
