Лидерите на Западен Балкан на заедничка маса во Скопје пред утрешната средба со ЕУ.
На својот Инстаграм профил српскиот претседател Александар Вучиќ изрази благодарност до македонскиот премиер, Димитар Ковачевски.
„Пред утрешната средба на лидерите на Западен Балкан и ЕУ на вечера во винаријата Камник. Благодарам на нашиот домаќин Димитар Ковачевски за неговото гостопримство“, напиша Вучиќ.
Ковачевски на 22.1.2024 година (понеделник) ќе биде домаќин на состанокот на лидерите од регионот посветен на Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Европската Комисија.
