Ковачевски: Ќе разговараме за градење долгорочен мир во регионот, Европа и светот

Од:

Ќе разговараме за регионални безбедносни прашања, но и за војните кои се водат, вели премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот, кој се одржува во Скопје.

„На денешниот состанок ќе разговараме за регионалните безбедносни прашања, но секако дека ќе разговараме за клучните теми во однос на војната во Украина, конфликтот кој што се води во појасот Газа, како и за сите други прашања за градење долгорочни мир и стабилност и безбедност во нашиот регион, меѓутоа и во Европа и во светот“, рече Ковачевски.