Костовски: Безброј навреди, колнења и закани можеби може да ги реши еден нокаут, но тоа на улица, не во храмот на демократијата

Од:

„Да се контролираш во даден момент од пцовки и навреди од “невротичниот” колега е одлика на здрав ум. Безброј навреди, колнења и закани можеби може да ги реши еден нокаут, но тоа на улица, не во храмот на демократијата“, напиша на Фејсбук пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски, кој денеска за малку ќе влезеше во физичка пресметка со колегата-пратеник Димитар Апасиев во собраниската сала.

„Лудилото ќе се заборави, ама рационалноста народот ќе ја памети. Соочен со целосен распад и неуспех на сценаријата за насилно стопирање на европската иднина на државата, на Апасиев не му преостана ништо друго освен да ги пренесе тензиите во Собранието. Свесен дека не му поминуваат лагите за бугаризација и асимилација на Македонците, не му преостана ништо друго освен да се заканува со физичко насилство“, вели Костовски.