Конвенција на СДСМ во Куманово

Од:

Точно по два месеци од „црниот понеделник“ Сојузот на иднината предводен од СДСМ ќе одржи политичка конвенција во Куманово.

Конвенцијата првично била планирана да се одржи во Домот на културата, но како што велат од СДСМ, поради огромниот интерес на граѓаните, овој собир ќе се одржи во спортската сала во Куманово.

Веќе од следната недела здружената опозиција ќе продолжи со различни форми на протестни активности кои ќе бидат соодветен одговор на, како што велат, неодговорниот однос на режимот.