Денеска новоизбраните дваесет и седум советници на последните локални избори во Прилеп ги примија уверенијата за новиот советнички мандат.
Решенијата им беа врачени од претседателката на Општинската изборна комисија, Елена Чагороска,а за претседател на новиот совет беше избран Никола Димески, како единствен предлог на Кандидациската комисија.
Градоначалникот Марјан Ристески се обрати пред советниците, им се заблагодари за искажаната доверба на овие локални избори и истакна дека неговата врата за нив е секогаш отворена и изрази надеж дека во иднина ќе работат само за интересот на Прилеп и прилепчани.
Новоизбраниот претседател на Советот, Никола Димески, истакна дека очекува континуитет во работата од предходниот совет и дека сите членови ќе придонесат за создавање подобри услови за живот во Прилеп.