Конечно потписи на извештајот за 24. декември

Од:

Денеска попладне е предвидено да се потпише конечниот извештај за собраниските инциденти од 24 декември.

ВМРО-ДПМНЕ, поради државните интереси, како што изјави синоќа лидерот Никола Груевски, донесе одлука да го потпише извештајот на Ад хок комисијата.

Пред членовите на комисијата да го потпишат извештајот, ќе се сретнат шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска и претседателот на Ад хок комисијата Борче Давитковски, а подоцна членовите на комисијата Илија Димовски и Благородна Дулиќ од ВМРО ДПМНЕ и Љубомир Фрчковски и Рената Десковска – Треневска од СДСМ ќе го стават својот потпис на конечниот извештај.