Собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање денеска зад затворени врати ги разгледува Извештаите за работата на Агенцијата за разузнавање и УБК за 2017 година, како и Програмата за работа на УБК за 2018 година.
По утврдувањето на дневниот ред на седницата, претседателот на Комисијата Трајко Вељаноски укажувајќи дека се работи за класифицирани строго доверливи информации кои се државна тајна, ја затвори седницата за јавноста.
На седницата присуствуваат пратеници и од владејачкото мнозинство и од опозицијата, како и директорите на Агенцијата за разузнавање и на УБК.
