А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Комесарот за проширување на ЕУ Вархеји утре во Скопје

by А1он06/10/2020 - 16:53247
Share0

Еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји утре престојува во посета на Северна Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова денеска го најави министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој посочи дека Вархеји доаѓа во земјава откако денеска е објавен извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата на патот кон ЕУ, но и економскиот план за Западен Балкан.

-И во овој дел би сакал да се осврнам на најавата на еврокомесарот Вархеј која што ми беше пренесена и при мојата посета во Брисел пред неколку дена, меѓутоа очекувам да биде потврдена и на утрешната негова посета во Скопје за робусниот економско-инвестициски план за Западен Балкан со мобилизирана финансиска поткрепа од девет милијарди евра преку ИПАРД 3 финансирањето и тука се работи за комбинирана форма на грантови и поволни заеми со цел да се поддржи економската конверзија и да се ослободат нови економски потенцијали во регионот со фокус на инфраструктурните проекти за меѓусебно поврзување, рече Османи.

Додаде дека амбицијата на ЕК е јасна – во наредните четири години земјите од Западен Балкан и економски, инфраструктурно и социјално да се приближат до стандардите на ЕУ.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Иако се работи за севкупна политика на ЕК во овој дел не можам, а да не ја потенцирам улогата на комесарот со кого имав средба пред неколку дена, а којшто утре доаѓа со овие два документи во Скопје. Ја гледам како континуитет на амбицијата на ЕК за заокружување на процесот за проширување пред се прво преку усогласување на преговарачката рамка и се разбира одржување на првата Меѓувладина конференција, рече Османи.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео