Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нил Мужниекс престојува во посета на Република Македонија и денеска ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Мужниекс и Димитров ќе разговараат за состојбата со човековите права и слободи, меѓународните обврски на нашата држава на тоа поле, како и за актуелните случувања и започните реформи во Република Македонија.
