Синоќа во Македонската филхармонија се одржа комеморативен концерт по повод 75 години од депортацијата на македонските евреи. Пригодни обраќања во воведниот дел имаа претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и претседателот на еврејската заедница во Македонија Берта Романо Николиќ.
На настанот присуствуваше и премиерот на Република Македонија Зоран Заев и директорот на Комисијата за верски заедници Даријан Сотировски.
Одбележувањето продолжува и денес со марш на живите, положување свежо цвеќе пред споменикот на депортираните евреи и комеморативна седница на Собранието.
