Колони возила кон Влада

Од:

Колони со возила од скопските општини Кисела Вода и Аеродром се упатија кон центарот на главниот град каде пред Владата на РМ најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи протест.

Граѓаните со себе носат знамиња на Македонија како и партиски обележја. Покрај вревата која ја прават свирејќи со своите автомобили, тие извикуваат и “Уа предавници” и “Името не го даваме”

Протестот кој е организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ,како што велат од партијата е поради лошите политики кои ги води актуелната власт, неисполнетите ветувања и катастрофалните преговори за промена на името на Република Македонија.

В.Ј.