Кој си игра со нашите пари?

Од:

Донатори на партијата на Ахмети, ДУИ се и државни институции како Министерсвото за земјоделство, Казнено-поправен дом Струга, општините Чаир и Врапчиште, АД Македонски пошти.

Блогот http://batadjango.blog.mk ја објави информацијата и докумнетот на Државниот завод за ревизија и прашува „Кој си игра со нашите пари?“

Со кое право овие институции донираат мои и пари на другите граѓани?, прашува блогерот.

Според одговорот на портпаролот Бујар Османи од ДУИ, даден за Плусинфо, тоа биле лица кои се вработени во тие институции.

Сепак во официјалниот документ се наведени само институции како донатори, но не и вработени лица, а на списокот има и приватни лица, донатори, а межу нив е и портпаролот на ДУИ.

SUMA