Обвинетиот за крвавиот четврток, Игор Југ, во воведниот говор пред судот поставуваше прашања за неговата улога, за која го товари обвинителството.
„Кој нормален налогодавач, покрај илјадници воени и полициски специјалци, од 20 или 30 години, ќе најми 47 годишен ветеринарен техничар, дијабетичар, со притисок 200 со 100, за убиец?“, праша Југ.
Тој рече дека влегол низ главната врата и бил снимен од собраниските камери како лута 1 час бидејќи влегол првпат во Собранието. „Како ќе влезам во Собранието без маска, висок скоро метар и 90 сантиметри, тетовиран по целото тело, со брада тогаш скоро до градите? Носев маичка со кратки ракави од ХОС (хрватске одбранбене силе)?“, рече обвинетиот. „Јас сум најлесен плен на собраниските камери. Секој мој гест го има на камерите“, рече Југ.
„Која земја би ме заштитила како убиец на премиер?“, рече обвинетиот и додаде дека 5 месеца по настанот бил уапсен во неговиот дом.
Обвинетиот рече дека немало потреба да го пробива кордонот полиција, зашто таков кордон немало.
„Земјава, која ја сакам како Хрватска ме прогласи за теророст“, рече Југ.
Судот заседаваше од 10 часот наутро до 18 часот и 40 минути со 2 паузи. На следното рочиште ќе биде изјаснувањето за вина.
Васко Маглешов