Кои се судиите што даваат „амин“ за помилување на изборниот криминал

Од:

Елена Гошева претседателката на Уставен суд, потоа судиите Никола Ивановски, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова и Владимир Стојановски, се петтмината доволни за мнозинство во Судот кои дадоа амин за покренување на постапка и најверојатно и укинување на забраната за Претседателот да не може да помилува лица кои се осудени за кривични дела како изборна измама и други дела поврзани со изборни нерегуларности.

Измените и на Законот за помилување беа донесени во 2009 година од актуелната власт на ВМРО – ДПМНЕ за да се спречи Црвенковски, тогашниот претседател, да помилува политички неистомисленици на власта.

Претставката за уставноста на овој закон била поднесена на 7 февруари од адвокатот Ристо Китевски и експресно се најде на дневен ред на седница на Уставниот суд. По процедурата од околу еден месец, можно е Уставен дефинитивно да го укине овој член.

Иницијативата за оценување на уставноста на измените во законот од 2009 година во Уставниот суд стигнала пред десетина дена, а подносител е адвокатот Ристо Китевски. Претставката е поднесена брзо по отворањето на случајот „Титаник“, во кој Специјалното обвинителство за изборен криминал, кривични пријави поднесе против поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко и уште петмина други.

Александра Бубевска