Кого од новинарите сака да го ишамара Коле Штерјев?

Од:

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев, при заминувањето од зградата на Јавното обвинителство, на денешниот настан, во присуство на новинарот Виктор Јованов, снимателот Владимир Желчески и уште едно лице од друга институција, ги прашал од кој медиум доаѓаат.

Откако се претставиле, Штерјев им рекол дека текстовите во медиумот од каде што доаѓаат ги пишуваат „новопечени“, „неуки“ и „недоквакани новинари“ кои „шират лаги“.

Новинарот Јованов го прашал за што се однесува квалификацијата т.е. за кој новинар станува збор, а Штерјeв одговорил дека не било важно името, но „да бил со нив, ќе го ишамарал“.

На крајот Штерјев во шега им рекол дека не мора да се спомнува ништо од сето што било кажано.

„А1 он“ го прашува првиот човек на Советот на јавните обвинители, кој новинар сака да го исшамара и дали е долично првиот човек на Советот на јавните обвинтели со ваков вокабулар да зборува за новинарите? „А1 он“ го повикува Советот за етика при јавните обвинители да го преиспита поведението на Штeрјев.

Кај првиот човек на Советот на јавните обвинители, Комисијата за спречување на корупцијата констатира судир на интереси, и отвори постапка за незаконски паушали од Акдемијата за судии и јавни обвинители. Ексамериканскиот амбасадор Бејли, пред неговото заминување го искритикува Советот на јавните обвинители за седницата на која беа избрани обвинителки во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

За настанот е известен и државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Редакциски коментар на „А1 он“