Цела вечер пожарникарите ја поминаа на терен. Шумски пожари, од кои уште е активен пожарот во Коњаре. Депонии, стрништа…и поради недостаток на луѓе останаа на работа и денес. Може да се каже дека се бескорисни вака преморени, ама знам дека ако има следна интервенција ќе дадат се од себе. Како тоа ќе се одрази по нашето здравје не знам?!, напиша на „Фејсбук“ Владимир Кочовски, командир на противпожарната единица во Скопје.
„Десетина камиони се на поправка. Се троши игромна количина на гориво…Туку друго ми беше муабетот.
Не можам да се обратам на тие што палат и да им кажам да не го прават тоа. Се обраќам до сите надлежни да излезат на терен. Да ги фатат сторителите, и да бидат соодветно казнети. Да има полициски патроли, патроли на шумска полиција кои превентивно би делувале. Дронови…
Се изгоре…дрво нема да остане по планините. Она што не изгоре го испосекоа, се уништија… Доста е…“, порача Кочовски.
