Кочанчанец загина во сообраќајна несреќа

Од:

На магистралниот пат Штип-Кочани, во атарот на село Тркање, патничко моторно возило „Форд фокус“ со кочански регистерски ознаки управувано од Д.А.(34) од село Бели, кочанско, излетало надвор од коловозот.

Од здобиените повреди Д.А. починал на местото на настанот.

Увидна екипа на местото на несреќата ги расчистува причините за инцидентот.