А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ќе се зголемува инклузивноста на изборниот процес за лицата со попреченост

by А1он13/03/2018 - 12:5388
Share0

Зголемување на поддршката на граѓаните со попреченост во изборниот процес, остварување на нивните гласачки права, унапредување на работата на изборната администрација во создавање на услови за унапредување на инклузивноста на овие гласачи и успешно спроведување инклузивни избори, има за цел Меморандумот за соработка што денеска го потпишаа Државната изборна комисија и Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА.

Следете a1on на Instagram Instagram

За реализација на целите на Меморандумот, денеска започнува тридневна работилница за вработените во ДИК преку која учесниците ќе се стекнат со вештини за испорачување на обуки за лица со попреченост. По комплетирањето на оваа активност, ќе следат регионални работилници за претставници од општинските изборни комисии, кои ќе се реализираат во текот на април и мај годинава.

Генералниот секретар на ДИК Добре Јанчев, кој во име на комисијата го потпиша Меморандумот, истакна дека во наредниот период ќе се работи на зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес, подобрување на ефикасноста на процесот на организирање и спроведување на избори и процесот на гласање во однос на лицата со попреченост, како и на унапредување на вештините и знаењата на изборната администрација за поддршка и комуникација со лица со попреченост.

– Заедно ќе работиме и на зголемување на свесноста и знаењата за изборниот процес на граѓаните со попреченост, но и на зголемување на меѓусекторска соработка за унапредување на изборниот циклус за создавање на услови за пристапен и достапен изборен процес за лицата со попреченост во Република Македонија, рече Јанчев.

Следете a1on на Youtube YouTube

Претседателката на ИНКЛУЗИВА Благица Димитровска вели дека ова унапредување на учеството на лицата со попреченост во избирачкиот и во политичкиот процес е неопходно, бидејќи со вклучувањето во овие процеси многу полесно ќе ги остварат нивните права.

– Во Македонија недостигаат многу работи за да се каже дека изборниот процес е инклузивен, од физичка пристапноста на гласачки места, материјалите за едукација се недостапни за овие лица, какоо и самите материјали на гласачкото место. Се треба да претрпи корекција, рече Димитровска.

ИНКЛУЗИВА и ДИК, заедно со други институции лани го спроведеоа и проектот за увид и проценка на пристапноста на гласачките места за лицата со попреченост на целата територија на Република Македонија. Како резултат на овој проект добивме прецизна слика за состојбата со пристапноста на гласачките места. По овој проект следеше и изготвување на шаблони за гласање на Брајово писмо, наменети за гласачите со попречен вид.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто