Ќе се реновираат 34 здравствени установи низ Македонија

Од:

Министерството за здравство информира дека на ден 06.08.2019 година на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) ја отпочна постапката за јавна набавка на градежно-занаетчиски услуги за тековно одржување на здравствените објекти и набавка на болнички кревети и ТВ приемници за потребите на 34 здравствени установи во Република Северна Македонија.

 Со цел зајакнување на капацитетите на здравствениот систем, Министерството иницира активност за подобрување на условите во здравствените домови и другите објекти од здравството на Република Северна Македонија. Заради подобрување на условите во кои се даваат примарните здравствени услуги Министерство за здравство спроведува јавна набавка за градежно- занаетчиски услуги кои ќе опфатат: 

– Комплетно молерисување на сите внатрешни простори со материјали и бои кои се користат за ентериери во болници и други јавни простории и истите овозможуваат соодветно одржување и чистење;
– Поправка и репарирање на внатрешни врати и прозорци; 
– Замена на зидни и подни плочки и замена на галанетрија во тоалети; 

Заради подобрување на условите во кои се даваат примарните здравствени
услуги Министерство за здравство спроведува и јавна набавка на нови
болнички кревети и телевизори во болничките соби.