Ќе се гради црква кај Смиљковското Езеро

Од:

Осветувањето на камен темелникот на црквата кај Смилковското Езеро во Радишани ќе се изврши во сабота, во траен спомен на петмината свирепо убиени радишанци, во масакрот што се случи лани пред Велигден, јави телевизијата 24 Вести.

Месните заедници Стајковци, Смилковци, Црешево и Виниче во општина Гази Баба иницираа изградба на македонска црква „Светите четириесет маченици – Младенци“ со благослов на господин Стефан, Архиепископот Охридски и Македонски.

На местото викано Кршиколе или Крст, до заобиколницата на Скопје, кај езерото, на местото каде подмолно и свирепо лани беа убиени, ќе никне вечниот спомен. Црквата во основата ќе биде 150 метри квадратни, со уреден парк од 6.000 м2, а околу црквата ќе има камбанарија, голем крст, пет видиковци и пет бора во спомен на убиените.

На осветувањето ќе присуствуваат и семејствата на убиените.