Ќе се чисти резервоарот во Ченто, можни прекини во водоснабдувањето

Од:

ЈП „Водовод и канализација“ за утре и задутре најавува чистење на резервоарот во населба Ченто во општина Гази Баба поради што се можни мали прекини во водоснабдувањето во населбата.

Активностите за чистење и хлорирање на резервоарот ќе почнат утре во девет часот, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.