Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информација за потреба на прием во редовен работен однос на пилоти во Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија.
Донесен е и заклучок со кој се задолжуваат Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии и Дирекцијата за заштита и спасување за навремено изнаоѓање решение за потребата од ангажирање на пилоти во Дирекцијата за заштита и спасување.
