Китев: Маките на лозарите мора да се платат

Од:

Денеска на големиот христијански празник, посебно празник за лозарите и за Кавадарци, меѓу лозарите беше Бетиан Китев, кандидатот за градоначалник.

Упати порака дека во оваа битка е заедно со нив. Лозарите рече имаат апсолутно право како луѓе што живеат од својот труд да ги добијат своите вредно и тешко заработени пари.

kitev (2)

„СДСМ и коалицијата на СДСМ застанува зад нив. Нашата политика во тој дел е апсолутно јасна, и предходно сме кажале дека државата мора да обезбеди услови да им се плати грозјето, односно да им се платат маките на лозарите. Тоа е наш конзистентен став и во овие неколку години постојано го повторуваме, моментот кога ќе ја освоиме власта ќе го реализираме токму тоа.

Значи да нема дилема една е здружената опозиција, а секоја камуфлирана е фингирана опозиција која што се обидува ВМРО-ДПМНЕ да ја создаде наш противник е кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ“, рече Китев.