Ким Мехмети доживеа срцев удар

Од:

Публицистот Ким Мехмети доживеал срцев удар во текот на неделава. Тој бил хоспитализиран во приватна болница во Приштина.

Мехмети кој ударот го добил во средата по едно предавање на Унвезитетот во косовскиот главен град најпрво се двоумел да замине за Скопје или Тирана, но на крај одлучил да се лекува во Приштина.

Мехмети вели дека се чувствува многу добро, дека не зажалил за таа своја одлука и оти е презадоволен од услугата и третирањето во приватната болница „Медицина“.

За состојбата на Ким Мехмети за медиумите зборувал и лекарот специјалист од болницата, Цем Багдатли. Тој рекол дека состојбата на Мехмети е стабилна.

– Ние сме задоволни што услуга и пруживме на една значајна личност за Албанците, изјавил турскиот лекар, пренесува приштинскиот весник „Газета експрес“.