ВИДЕО: Километарски колони на патот Стража-Кичево, се откачила камионска приколка

Од:

Сообраќајна незгода на патот од Стража кон Кичево попладнево предизвика застој во сообраќајот и километарски колони.

Според полицијата, застојот бил предизвикан поради приколка која се откачила и преминала на другата коловозна лента, што довело до кус застој во сообраќајот. Како што информираа од МВР, сообраќајот за кусо време се нормализирал.