А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кекеновски: И после Цацко ни е крив

by А1он14/05/2016 - 11:37114
Share0

Со договорот од Пржино ДИК требаше да биде деполитизирана и експертска институција. Четворицата лидери потписници на договорот од Пржино со измените и дополните на Изборниот законик како и со предлагањето на експерти со партиска препорака дополнително ја дополитизираа ДИК. На овој начин ДИК дејствуваше како партиска испостава.

Следете a1on на Instagram Instagram

• Да биде апсурдноста поголема, гласот на членот на ДИК мораше да биде во рамки на курсот на партијата која го делегирала. Неправилностите во избирачкиот список не беа битни, битно беше партиската наредба да биде извршена.

• После толку непринципелности, аматеризам, политички ујдурми и одработувања за своите налогодавци (читај лидерите на нивните партии) ДИК писмено побара од претседателот на Собранието да свика седница за да се направат измени и дополни во Изборниот законик, бидејќи дури сега оценила дека има несразмерност на изборните единици, за кои многумина од нас укажуваа многу, многу одамна.

• ДИК повеќе нема кредибилитет и капацитет во истиот состав и понатаму да функционира. Аргумент повеќе е што еден од нив се на списокот на аболирани, друг е водоводжиско-канализациски експерт кој се разбра од право колку јас во астрономија, трет е дипломиран професор по албански јазик и книжевност, трет е политиколок, а четврт дипломиран правник ,,експерт” кој нема доволно практично искуство, откако малку подоцна во поодминати години дипломирал.

Следете a1on на Youtube YouTube

• Најголемиот дел од членовите на ДИК кои работеа исклучиво по партиска директива, потребно е да сносат кривична и материјална одговорност за заблудите кои ни ги правеа со нивното партиско слугување и досегашното штетното дејствување на товар на граѓаните.

• СТОП за нивниот партиски ,,експертизам”, политички волунтаризам и сервилност. Под итно избор на нови членови на ДИК, вели во својот фејсбук статус професорот Јове Кекеновски.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто