Вчера на вратите од студентскиот дом „Стив Наумов“ залепени беа соопштенија со печат од управата со напомена дека глоба од 2.000 евра ќе им се изрече на станарите што ќе примаат гости после 22 часот.
Претседателот на Студентскиот Парламент при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Кирил Спироски за порталот Плусинфо дека по вчерашната негова реакција до управата на домот, оттаму признале дека станува збор за грешка.
Според условите што ги пропишува правилникот, студентот кој ќе биде фатен како го препродава леглото или пак прима друг посетител „илегалец“ на спиење во домот, ќе се казни со 200 евра. Истата глоба ќе ја добие и тој што престојува во туѓиот кревет.
Во моментот, плакатите со известувањето за наводната казна од 2.000 евра се отстранети. Оние студенти што ќе сакаат да отидат на гости кај некој што престојува во студентски дом, според договорот што го направил Спироски со управата, ќе мора да остават идентификација кај чуварот.